Бугарскиот тенисер Григор Димитров станува „криптонит“ за шпанскиот супертениски супермен Карлос Алкарас, го победи вторпат по ред во меѓусебните дуели, овојпат во Мајами, каде Алкараз беше прв носител и ја бранеше титулата од минатата година.
Димитров триумфира со 6-2, 6-4, и ќе игра во полуфинале против Александер Зверев, додека другата полуфинална двојка е Медведев – Синер.
Алкарас призна дека бил целосно надигран.
„Тој одигра одличен тенис, речиси перфектен. Не најдов никакви решенија против него. Многу сум разочаран, тој ме натера да се чувствувам како 13-годишен“, беше коментарот на Алкарас.
Погледнете го најубавиот потег на Димитров на дуелот, по кој и Алкарас му аплаудираше: