Синер започна со два брејка во првиот сет и поведе со 4-1, по што Јубенкс успеа да се врати за момент на 3-4, меѓутоа Италијанецот стигна до 6-3.
Идентично беше и во вториот сет каде што Синер стигна до 6-3, додека во третиот сет го надигра со 6-4.
Синер во второто коло ќе игра против францускиот ветеран Ришар Гаске, кој беше подобар од Борна Чориќ.