Ракометарот на Хановер и репрезентативец на Словенија, Урбан Лесјак е нов играч на Еурофарм Пелистер и тој ќе пристигне во Битола на почетокот на следната сезона. Тој ќе биде замената за Секељи кој си заминува на крајот од овој шампионат, а станува збор за искусен голман кој има 31 година и големо искуство зад себе.

Словенецот е добро познат голман и располага со голем квалитет. Во својата кариера играше за Целје од 2010 до 2018 година, а во последните чеетири години е на голот на Хановер од Бундес лигата.

Има 58 натпревари во дресот на Словенија со која има и бронза од Мундијалот во 2017 година.

 

Лесјак ќе биде партнерот на Кизиќ на голот на Еурофарм Пелистер за следната сезона, а дефинитивно ова е одличен потег бидејќи станува збор за искусен играч кој со себе ќе донесе многу во играта на битолчани.