УЕФА ја покрена истрагата за „случајот Негреира“, во кој Барселона е обвинета за поткуп на судии од шпанската судиска организација.

Барселона е обвинета дека уплатила 7 милиони евра на сметка на компании кои биле во сопственост на тогашниот потпретседател на судиската организација на Шпанија, Хозе Негреира. Тоа се случило во период кога претседатели биле Сандро Росел и Хосеп Марија Бартомеу. За возврат, поединечни арбитри би суделе во корист на Каталонците.

Шпанското обвинителство не најде валидни докази за такво нешто, па Барселона сака да ги гони новинарите кои ја објавија информацијата, но сега се вклучи и УЕФА.

УЕФА отвори истрага, а инспекторите ќе проценат дали има евентуално прекршување на законската рамка.

Барселона се наоѓа на лидерското место во Примера со 12 бодови предност пред Реал, и е пред освојување на титулата.