Македонскиот фудбалски интернационалец Марио Илиевски, постигна гол во победата на неговиот тим ЦСКА 1948 Софија (4-1) над Крумовград во натпревар од 26. коло. Тој го постигна петтиот гол во бугарското првенство.
Домашната еки играше добро и без проблеми водеше со 3-1 уште на паузата меѓу двете полувремиња. Нашиот Илиевски го постави конечниот резултат со голот во 64. минута од дуелот.
ЦСКА 1948 Софија е на десеттото место на табелата со 34 бода, а во следното коло ќе има пресметка со екипата на Левски на гости.