Давид Тошевски се наоѓа во супер голгетерска форма, постигна три голови за својата екипа Австрија Клагенфурт во триумфот од 2-3 на гости против Хартберг. Новиот македонски репрезентативец Тошевски и денес покажа зошто е во фокусот на селекторот Благоја Милевски и доби место во националниот тим, и повторно блескаше во австриската Бундеслига.

Тој во последните моменти од првиот дел израмни на 1-1 откако Авдијај донесе предност за Хартберг, а во второто полувреме беше стрелец во 63. и во 84.минута, кога и дефинитивно ја обезбеди победата за својата екипа.

Тошевски на мечот против Лихтенштајн (0-3) во Вадуц дебитираше за А-репрезентацијата на Македонија.

Од нашите фудбалски интернационалци денес стрелец беше и Марио Илиевски за екипатат на ЦСКА 1948 против Крумовград (4-1) во првенството на Бугарија.