Фудбалерите на Атлетико Мадрид освоија само бод на гости, и заостануваат во битката за титулата во шпанска Примера. „Јорганџиите“ не успеаја да победат кај Еспањол (1-1) иако имаа водство, па Реал Мадрид и Барселона можат да избегаат уште повеќе на врвот.
Екипата на Диего Симеоне три натпревари по ред е без триумф. Пред ова реми доживеа два порази, загуби од Барселона и Хетафе. На овој дуел Антоан Гризман постави рекорд како странски играч со најмногу натпревари во историјата на Примера (521), на листата го мина Лео Меси.
Атлетико дојде во водство со фантастичниот еврогол на Цезар Аспиликуета, во 38. минута, со шут од далечина. Атлетико имаше контрола на дуелот се до 71. минута, кога за домашниот тим беше досуден пенал по фаулот на Ленгле, а капитенот на Еспањол Пуадо беше сигурен реализатор за конечни 1-1.
“Јорганџиите” сега имаат 57 бода, три помалку од Реал и шест од лидерот Барселона.
Атлетико во следното коло оди на гости кај Севиља, додека Еспањол патува во Мадрид кај Рајо Ваљекано.