Македонскиот тенисер Калин Ивановски денеска имаше уште еден одличен настап на турнирот во хрватската Опатија и обезбеди пласман во финалето. Тој успеа да го елиминира Чехот Михаел Врбенски со 2-1 во сетови, 6-4, 3-6 и 6-3.

Ивановски стигна до победата по два часа и 47 минути игра, оствари голем успех а во финалето ќе има пресметка со домашниот претставник и прв носител на турнирот, Лука Микрут.

Микрут денес брзо и лесно ја оствари својата мисија, добивајќи го мечот против Перез Контри со 2:0 во сетови.

Денешниот противник на Ивановски беше дури 800 позиции подобро рангиран на АТП листата, а Микрут е во уште подобра позиција и е 360. тенисер во светот.