Калин Ивановски игра одлично на ИТФ фјучерсот во Опатија (Хрватска) и ќе игра полуфинале на турнирот.
Колар во минатото беше на 111 место на АТП листата и е многу поискусен од нашиот најдобар тенисер, но сепак Калин му одржа лекција во два сета за два часа игра.
Ивановски го освои првиот сет со 6-3, но во вториот имаше доста возбудувања, а сетот беше одлучен дури во тај-брејкот кога Македонецот беше во елемент и со 7-4 успеа да го освои сетот и да стигне до конечен триумф.
Противник на Ивановски во полуфинале ќе му биде третиот носител, Михаел Врбенски, исто така од Чешка кој во моментов е рангиран на 406 место на листата.
Фјучерс турнирот во Опатија, Хрватска се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 долари.