Српскиот тенисер Ѓоковиќ е во финале на АТП Мастерсот во Мајами, по убедливата победа над Григор Димитров.
Најтрофејниот тенисер во историјата, дуелот го почна со загубен гем на свој сервис, но направи ри-брејк, а со уште два брејка го освои првиот сет (6-2). Димитров не пружи поголем отпор ниту во вториот сет. Ѓоковиќ веднаш се одлепи на 3-0, а потоа рутински го доби сетот и се пласира во финалето.
Поранешниот светски рекет број еден триумфира со 2-0 во сетови со 6-2 и 6-3 и има учинок од 13-1 во дуелите со Димитров. Мечот траеше нешто повеќе од еден час, а Новак имаше асполутна контрола на играта и резултатот.
Ѓоковиќ е најстариот играч со пласман во финалето на Мастерс турнирите а воедно ќе има можност да дојде до 100. јубелејна титула.
Оваа пресметка од трибините ја следеше Лионел Меси со неговата сопруга Антонела Рокуцо.