Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ за час ипол во два сета го победи норвежанецот Каспер Руд и дојде до шестиот трофеј на завршните Мастерси во годината, па се израмни по бројот на вакви освоени трофеи со досегашниот рекордер Роџер Федерер, кој годинава замина во пензија.
Ѓоковиќ во финале на Мастерсот првпат играше во 2008 година, а последен пат го имаше освоено во 2015 година кога беше подобар од Федерер. Претходно завршниот Мастерс го освојуваше во 2008, 2012, 2013 и 2014 година.
Вечерва го победи Руд во два сета и тоа со по еден брејк, после проблематичниот прв сет во самата завршница после егалот 5-5 за да триумфира со 7-5, а потоа направи брејк на стартот на вториот сет за на крај да слави со 6-3
Инаку за Ѓоковиќ ова е десетта победа во 11 пресметки со играчите од топ десет, па годинава ќе ја заврши меѓу најдобрите пет, зашто на два од четирите гренслемови не играше поради проблемот со невакцинирањето, а Вимблдон не носеше поени за АТП иако го освои за негов 21 гренслем трофеј во кариерата.