Македонската тенисерка Лина Ѓорческа загуби од Романката Ирина Бара во четвртфиналето на турнирот во Оточец со 0-2 во сетови, односно 5-7 и 6-0.
Ѓорческа направи брејк на стартот на натпреварот и ја презеде контролата во дуелот, но првата носителка на турнирот се созема и го врати брејкот, а потоа со уште еден одземен гем на противнички сервис стигна до 7-5.
Романката беше расположена во вториот сет и не ѝ дозволи на Ѓорческа да освои ниту еден гем, па со убедливи 6-0 го потврди својот пласман во полуфинале на турнирот.