Рафаел Надал ја освои 21. Грен слем титула во Мелбурн.
Шпанецот на тој начин се одвои од најголемите ривали Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер кои не играа во Австралија и кои останаа на по 20 трофеи.
Надал напредуваше на АТП листата со освојување на нови бодови и сега е на петтото место.
Тенисерот од Манакор губеше во сетови со 2:0, но на крајот славеше во пет, по пет часа и 24 минути игра, 2:6, 6:7 (5), 6:4, 6:4, 7: 5.
Интересен е податокот дека Надал на ваков пресврт чекал многу долго, речиси 15 години.
Последен пат пред Мелбурн и победата над Медведев, Шпанецот направи ваков пресврт во 2007 година на Вимблдон.
Tогаш во осминафиналето губеше со 2:0 од Михаил Јужни од Русија, но на крајот успеа да победи со 4:6, 3:6, 6:1, 6:2, 6:2.