Светскиот првак Аргентина очекувано ја совлада селекцијата на Курасао со 7-0 во пријателски натпревар, а Лионел Меси постигна хет-трик. Со овие голови ја надмина и „стотката“ во дресот на „гаучосите“.
Меси сите три гола ги постигна во првото полувреме, а сега има дадено 102 гола за репрезентацијата на Аргентина.
Најдобриот играч на Аргентинците има 102 гола за „гаучосите“ и му се доближи на Али Даеи кој во кариерата постигна 109 гола за Иран и се наоѓа на второ место на вечната листа.
На првото место на листата на стрелците за националните селекции е Кристијано Роналдо со 122 гола, но и тој сѐ уште игра за Португалија и може да го подобрува светскиот рекорд.