Црно-белите сосема заслужено дојдоа до триумф, водеа најмногу со осум поени во неколку наврати. Во финишот дојде до пенал завршница, но Партизан максимално ги казни непромислените прекршоци на противникот, кои на крајот скапо ги чинеа. Единствено добро за Ц. Звезда, е што загуби со помала разлика од првиот меч (79-76) и би била подобро пласирана во случај на ист број бодови на крајот од регуларниот дел од сезоната.
Партизан водеше со 75:73 кога Ексум погоди две слободни фрлања за гостите на 17 секунди до крајот. Во „пенал-завршницата“, играчите на Партизан беа смирени и погодуваа и тоа им донесе голем триумф.
Ова беше дуел од 21. коло од Евролигата, по кој двете екипи од Белград имаат идентичен скор 10-11 и се на делба на 11. позиција на табелата.