Големиот фудбалски талент , шведското чудо од дете, Лукас Бергвал, беше многу блиску до потпис со Барселона, но во последен момент одлучи да потпише за англискиот Тотенхем, кој за неговите услуги ќе плати 10 милиони евра на Ѓургарден. 18-годишниот фудбалер важи за голема надеж на светскиот фудбал, а во шведскиот куп уште еднаш ги покажа своите квалитети, откако во велеслалом ги редеше на земја противничките фудбалери и успеа да постигне погодок.