Кошаркарите на Барселона нема да патуваат во Русија на натпреварите од Евролигата против Зенит и ЦСКА.
Барселона тргна во Санкт Петербург на натпреварот против Зенит, но во последен момент реши да се откаже.
Одлуката е донесена на аеродромот непосредно пред полетувањето.
Исто така, Барселона треба да игра против ЦСКА во Москва на 27 февруари, но најверојатно и тој меч нема да се одигра.
Одлуката е донесена на итен состанок на главните луѓе на Барселона.
Сеуште има шанси шпанската селекција да ги игра натпреварите во Русија на 25 и 27 февруари, доколку одлучи да отпатува за Русија во петок наутро на денот на натпреварот.