Актуелниот светски шампион Франција води со 1-0 против Англија во четвртфиналето на Светското првенство (СП) во Катар, откако во 17. минута од мечот Чуамени испрати проектил од 25 метри и ја затресе мрежата на Пикфорд.
Чуамени доби додавање од Гризман и не се двоумеше многу пред да ја испрати топката во мрежата на Англија.