Шпанскиот шампион Реал Мадрид после еден кикс им се врати на победите во Ла Лига. Едер Милитао му пресуди на Хетафе за победата со 1-0 во грсдското дерби на Мадрид.
Милитао даде гол во 3 минута на асистенција на хрватската ѕвезда Лука Модриќ и тој момент му пресуди на Хетафе, иако ВАР му поништи гол поради офсајд на Родриго во 57-та минута за „кралевите“ многу порано да го заверат триумфот и да не го остават ривалот да се надева дека може да ги сопне како што тоа го стори Осасуна во минатиот викенд.
Мадриѓаните тотално доминираа на мечот и заслужено победија за седми триумф сезонава и прво место со 22 бода, но Барселона повторно може да се израмни со нив ако победи утре. За Хетафе ова беше петти сезонски пораз и остана на седум бода, два над црвената зона.