По заминувањето на Лопетеги, дојде Самполи на клупата на Севилја, но овој тим пак не победува. Вечерва во натпревар од 8.коло во Ла Лига, тимот од Андалузија дома одигра само 1:1 против Атлетик Билбао.
Уште на стартот Севиља тргна одлично, голот на Торес уште во 4.минута донесе водство. Сепак Весга во 73.минута успеа да израмни на 1:1. На крајот се покажа дека тој резултат е и конечен на овој натпревар, за кризата на андалузијците да продолжи понатака.