Третото коло во групата Б од Европското првенство, носи пресметка меѓу репрезентациите од поранешна Југославија, Словенија и БиХ.
Бранителот на титулата е голем фаворит за триумф на овој меч, но тој ќе биде посебно интересен и за нас бидејќи на теренот ќе има еден Македонец.
Дел од судиската тројка е најдобриот македонски арбитар за 2021 година, Игор Митровски кој ја доби честа да води натпревари на Европското првенство.