Реал Мадрид утре го пречекува Челси со предноста од 3-1 по првиот меч, за реванш четвртфиналето, а во среда Атлетико Мадрид ќе брка негатива од еден гол (0-1) во пресметката со Манчестер сити, па поради овие гостувања на Англичаните, во шпанската престолнина полицијата е на готовс и со главоболки поради можни инциденти, зашто не само што ќе треба да ги обезбедат стадионите, туку ќе треба целото градско подрачје да го обезбедуваат.
„Мадрид на готовс“ е насловот на угледната „Марка“, која пишува дека во шпанската престолнина се очекува да дојдат над десет илјади Англичани, кои под дејство на алкохол може да направат многу проблеми. Англичаните од поодамна имаат многу лоша репутација поради недолично однесување, па скоро секаде имало помали или поголеми инциденти.