Реал Мадрид ќе биде ослабен во дуелот од второто коло во Ла Лига против Селта во Виго.
Шампионот на Шпанија по победата во премиерното коло на гостувањето кај Алмерија (2:1), сега има можност да игра на „Балаидос“, но со многу проблеми во средниот ред.
Тренерот Карло Анчелоти нема да смета на Касемиро кој е пред заминување во Манчестер Јунајтед и Алваро Одриозола кој пак е пред трансфер во Нотингем Форест, додека последниот тренинг го пропушти и Тони Крос.
Германскиот интернационалец има проблеми со грипот, па дефинитивно е надвор од тимот, како и Родриго, кој исто така не тренираше .
Оттука, Анчелоти ќе мора да посегне по помлади сили, поради што во тимот ги повика Марио Мартин и Мануел Анхел од Б тимот на Реал.
Селта и Реал играат во сабота на 20 август од 22 часот.