Српскиот напаѓач се пожалил на болки во мускулот, а појасна слика ќе има по денешните детални прегледи.
Сепак, се претпоставува дека Влаховиќ ќе биде неизвесен само за следниот натпревар од Серија А против Лече в сабота, а неговиот настап на Светското првенство во Катар нема да биде доведен во прашање.
Влаховиќ оваа сезона на 15 натпревари постигна осум гола со една асистенција.