Екипата на Пари Сен Жермен славеше убедливо со 3-0 над Монпелје на „Паркот на принцовите“. Со оваа победа тимот на Луис Енрике стигна до 24 бода и се искачи на врвот на табелата во Франција.
Ова беше седма победа на шампионот во француското првенство.
На овој натпревар првата звезда Килијан Мбапе не беше расположен за голови или асистенции, „светците“ на Луис Енрике го најдоа патот до победата лесно. „Диригент“ на теренот беше Осман Дембеле, кој го разигруваше тимот и ја одигра најдобрата партија по трансферот во ПСЖ.
Резултатот на натпреварот се отвори уште во 10. минута, кога Ли Канг-Ин погоди за предност на ПСЖ. Тоа беше и ситуацијата на паузата, а во вториот дел Дембеле го проигра Заир-Емери за 2-0. Точка на триумфот стави Витиња во 66. минута, по втората асистенција на Хакими, кој претходно асистираше за првиот гол.
ПСЖ во следното коло игра со Ремс, додека Монпелје е домаќин на Ница.