Младиот напаѓач на Ливерпул, Оукли Канонија постигна два гола на првенствениот дуел меѓу младинците на тој клуб и Вулверхемптон.
„Црвените“ славеа со резултат 5:1, а тоа беа 39-от и 40-от гол на 17-годишниот фудбалер во сезоната. Тој беше прогласен и за играч на натпреварот против Вондерерс.
Кога имаше 14 години, Каноније беше протагонист на познатата сцена во полуфиналето од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Ливерпул, кога набрзина му ја додаде топката на Трент Александар Арнолд при изведување корнер. Останатото е добро познато.
https://twitter.com/goal/status/1412779060070060042?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1412779060070060042%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D04dd%3D19nav_id%3D2142338Интересно е што младинците на Ливерпул ги загубија шансите за титулата во претходниот меч против Манчестер Сити, ривал против кој се борат и сениорите.