Еден од најуспешните македонски бизнисмени размислуваше да поднесе оставка од функцијата прв човек на македонскиот ракомет по девет години, но својата одлука ја соопшти и образложи на седницата на УО на РФМ.

Како што знаете, пред неколку месеци најавив можно повлекување од позицијата прв човек на РФМ. Девет години е период кој не е мал, од 2013 година, многу активности, многу денови, моменти и се останато заедно со сите Вас посветени на ракометот во Македонија. Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката што ја добив, знам дека сите во овој Одбор го даваат максимумот за да се развие овој спорт – рече Мукаетов и додаде:
Искрено мислев дека е време да се повлечам, но по сите овие случувања, особено во овие два месеци, кога повторно ја почувствувавме енергијата што ја имаме во ракометот. Од друга страна, обврските што не очекуваат се огромни, организацијата на ЕП за жени што се намачивме да ја добиеме. Откако разговарав со ракометните работници во кои верувам и чие мислење го ценам , мислам дека не е вистинскиот момент да се пензионирам. Мандатот почна на почетокот на минатата година, верувам дека со годините ќе се справуваме со предизвиците, така што додека сум на функција очекувам да го постигнеме она што беше зацртано како цел – рече Мукаетов.
Мукаетов верува во неговиот одбор

И сега мислам дека во овој Управен одбор има луѓе кои можат да ја водат Федерацијата, знам дека има многу луѓе надвор кои би го работеле добро, но ова не е лесна работа. Политиката мора да се држи настрана од спортот и ракометот, а наш приоритет мора да биде да продолжиме по успешниот пат до кој се држиме. Затоа, денеска потврдувам дека ќе продолжиме заедно, ќе работиме ракометот во иднина да го издигнеме во нови успеси“, заклучи Мукаетов.