Светската титула во футсал ќе замине во Јужна Америка, а првпат „Супер-класико“ ќе го даде новиот мундијалски владетел.
Бразил и Аргентина ќе играат во финалето на Светското првенство во футсал кое се одржува во Узбекистан. Бразил ја победи Украина со 3-2, а Аргентина со истиот резултат ја совлада селекцијата на Франција.
Ова ќе биде седмо финале за Бразил, кој зад себе има рекордни пет светски титули, додека Аргентина ќе игра трето последователно финале, а ќе се обиде по втор пат да стане светски првак.
Иако Бразил и Аргентина освоија вкупно шест титули на светските првенства, ова ќе биде прво финале меѓу двете јужноамерикански репрезентации. Дуелот за бронзениот медал меѓу Украина и Франција, како и финалето меѓу Бразил и Аргентина ќе се играат на 6 октомври.