Андреј Аршавин не може без топка. Поранешниот руски фудбалер Андреј Аршавин пред речиси три години реши да стави крај на кариерата.
Аршавин последниот ангажман го имаше во Каират Алмати, а на почетокот на 2019 година објави дека ја завршува кариерата.
Рускиот играч најмногу го паметиме по одличните игри во дресот на Зенит и Арсенал. Аршавин за лондонскиот клуб играше четири години, по што реши да се врати во Русија.
Иако ја заврши кариерата, се уште е активен на терените за мал фудбал. 40-годишникот очигледно не може без фудбал и покажа дека се уште има магија во нозете.
Аршавин беше во центарот на вниманието бидејќи постигна фантастичен гол од слободен удар на еден футсал натпревар и со својот потег тотално го надмудри противничкиот тим.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=11&v=U97GiYGucps&feature=emb_logo