Во ноќта зад нас се одиграа шест натпревари во НБА лигата.

Јута Џез беше подобра од Шарлот Хорнетс со 112:102, а домашната екипа до победата ја предводеа Бојан Богдановиќ и Руди Гоберт.

Хрватскиот кошаркар постигна 23 поени со два скока, додека Французинот имаше дабл-дабл учинок од 23 поени, 21 скок и две асистенции.

Во поразениот тим најефикасни беа Бол и Бриџис со по 21 поен.

Голден Стејт Вориорс беше домаќин на Сакраменто Кингс и славеше со 113:98. Херој на домашниот тим и играч на натпреварот беше Стеф Кари со 30 поени, три скока и четири асистенции.

Грин постигна трипл-дабл – 16 поени, 11 скока и 10 асистенции.

Кај гостите се истакна Халибартон се истакна со дабл-дабл ефект. Имаше 24 поени, 11 асистенции и четири скока.

НБА лига:

Јута Џез 112: 102 Шарлот Хорнетс

Голден Стејт Вориорс 113: 98 Сакраменто Кингс;

ЛА Клиперс 92: 116 Сан Антонио Спарс;

Мемфис Гризлис 99: 102 Оклахома Сити Тандер;

Бостон Селтикс 103: 108 Филадеплија 76ерс;

Чикаго Булс 133: 118 Хјустон Рокетс