Наполи кој игра во лоша форма, го декласира Сасуоло на негов терен откако го совлада со неверојатни 6-1.
Сасуоло само го налути Наполи со гол на Рачиќ во 17. минута од натпреварот за водство од 1-0.
Брзо потоа почна да се полни нивната мрежа. Нигериецот Виктор Осимен даде три гола, Кварацхелија погоди двапати, еден погодок оствари и Рахмани.
Сасуоло по овој пораз се наоѓа во зоната за испаѓање, додека Наполи е на деветтото место во Серија А.
Наполи со новиот тренер Калцона п0кажа дека ја крева формата, и тоа во вистински момент пред реванш-дуелот против Барселона во осминафиналето на ЛШ. Наполи барем малку ги залечи раните во Серија А и сега има 40 бода. Сасуоло е во голема криза и нема победа на последните шест натпревари, падна во опасната зона и има само 20 освоени бодови.