Најдобрите македонски веслачи настапија на Светското првенство во веслање во затворен простор – ергометар, кое на 23 и 24.02.2024 год. се одржа во Прага , Чешка .
Македонската репрезентација на ова натпреварување на кое учествуваа најдобрите веслачи од целиот свет беше претставена од веслачите на ВК Црн Дрим – Струга :
-Владимир Голабоски во конкуренција М 19-20 , го освои 16-то место
-Кристијан Китаноски во конкуренција М 17-18 , го освои 17-то место
-Леон Шутиноски во конкуренција М U-17 го освои 22-то место
Со учеството на ова Светско првенство , веслачката репрезентација на Македонија го продолжи трендот на учества на најголемите светски настани , при што достојно ја претстави нашата држава .