Англискиот шампион Манчестер сити триумфираше со 2-0 против Њукасл на „Итихад“ продолжувајќи ја победничката серија во Премиерлигата.
Фил Фоден со неверојатна соло акција во 15. минута, испрати одличен удар и го матира Ник Поуп за водство од 1-0 на „граѓаните“.
Победата на екипата на Пеп Гвардиола ја потврди Бернардо Силва, кој ја погоди мрежата на Њукасл во 67. минута.
Манчестер сити има 58 бода на второто место, два помалку од лидерот Арсенал, додека Њукасл веќе пет меча нема триумф и се наоѓа на петто место со 41 бод.