Поранешниот италијански шампион Милан имаше добар старт против Ливерпул поведе со 1-0, но на крајот загуби со 1-3. Кристијан Пулишиќ по само три минути ја затресе мрежата на Алисон Бекер, но до крајот на првото полувреме Ливерпул после два корнери со голови со глава на Конате и Ван Дајк направи целосен пресврт.
Собослаи во вториот дел погоди уште еднаш во мрежата на „росонерите“ за конечни 3-1.