Славната Легија од Варшава, клуб со долга традиција и голем успех, минува низ една од најтешките резултатски кризи во историјата. Лошите резултати се причина за налудничавиот напад на навивачите врз играчите на клубот .
По 16 кола во полскиот шампионат, Легија е на последното место со само 12 бода. За споредба, лидерот Лех има 38.
Легија е позната и по своите фанови кои знаат да направат хаос каде и да се појават.
По неделниот пораз од 1-0 на гостувањето кај Висла Плоцк, решија бесот да го истурат на играчите и започнаа пресметка. Во луд марш по натпреварот тие го нападнаа автобусот со играчи. Тие физички ги нападнале тренерот и тројца играчи кои биле пред автобусот.
Којзнае што ќе се случеше доколку успеаа да упаднат во централниот дел на автобусот, но за среќа полицијата брзо интервенираше и ги спречи несаканите последици.