Најдобрта македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се пласира во четврт-финале на ИТФ турнирот во Ларнака (Кипар), откако попладнево после голема борба ја совлада 21-годишната Италијанка, Матилде Паолети (6-3, 3-6, 7-5).
Тоа беше тежок меч за Македонската тенисерка и тоа против противничка што е далеку полошо рангирана на ВТА листата. Ѓорческа во моментов е 241. тенисерка на светот, додека Паолети е дури на 631. позиција.
Македонката во битката за полуфинале на турнирот за награден фонд од 35.000 долари ќе оди на дуел со Русинката Ксенија Зајцева (439. на ВТА листата).