Екипата на Манчестер Сити без многу проблеми го совлада Барнли на „Итихад“ во натпревар од Премиер лигата. „Граѓаните“ победија со 3-1, а средбата ја одбележа генијалниот потег на Кевин Де Брујне во 22. минута.
Домашните поведоа во 16. минута, кога Хулијан Алварез на асистенција на Нунес ја погоди мрежата на Барнли, а Аргентинецот беше стрелец и шест минути подоцна. Но тој гол всушност беше мајсторија на Белгиецот. Сити доби слободен удар на околу 40 метри од противничкиот гол. Де Брујне ја зеде топката, погледна каде се соиграчите и кога сите очекуваа центаршут, следеше неверојатно ниско додавање за Алварез, кој погоди за 2-0.