Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите, а херој на кралскиот клуб повторно беше Карим Бензема.

Реал Мадрид синоќа беше поразен од Челзи со 3:2 во неверојатен меч на домашен терен по продолженијата, но поради победата во првиот меч со 3:1, кралскиот клуб на крајот се пласираше во полуфиналето. Челзи водеше со 3-0 на десет минути пред крајот на натпреварот и се чинеше дека ќе оди понатаму, но Реал уште еднаш успеа да се спаси во последен момент и на крајот заслужено отиде понатаму.

Кралевите намалија на 3:1 со голот на Родриго по неверојатната асистенција на Лука Модриќ, додека моментот на одлука се случи на почетокот на првото продолжение кога Карим Бензема биеше со глава за 3:2.

Бензема постигна дури четири гола на дуелот против Челзи и јасно е дека е најзаслужен за пласманот на Реал во полуфиналето.
Францускиот напаѓач ретко бара од противниците да ги сменат дресовите на крајот од мечот, но тоа го направи синоќа. Многумина беа изненадени кога тој му пријде на Рис Џејмс и побара од него да ги сменат дресовите, на што секако се согласи десниот бек на Челзи.