Џорџо Киелини, легендарниот играч на Јувентус и италијанската фудбалска репрезентација играше за Лос Анџелес на дуелот со Солт Лејк. Неговиот тим победи со 4:1, но на мечот италијанскиот ветеран имаше потег за паметење. Поточно за потсмев со оглед на тоа дека се работи за еден од најдобрите италијански дефанзивци на сите времиња.
Киелини имаше лоша проценка и за да спречи контра на противникот, со две раце ја изблокира топката. Да беше ова во Европа ќе добиеше црвен картон, но овде во МЛС доби само опомена.