Најталентираниот македонски тенисер Калин Ивановски не се прослави на турнирот во Австрија, откако во првото коло загуби од Метју Делаведова, но и покрај тоа успеа да забележи скок од неверојатни 334 места на АТП-листата, па сега се наоѓа на 1070. позиција.

Младиот тенисер претходно беше на 1.404 позиција, но доби нови бодови, па сега има вкупно седум и тие му помогнаа да скокне дури до 1070. место, а неговите настапи ветуваат дека ќе следи уште поголем скок во иднина.

На врвот на АТП-листата остана Данил Медведев, по што следат Александер Зверев и Рафаел Надал во топ-3, а по нив се Алкараз, Циципас, Ѓоковиќ, Руд, Рубљев и Хуркач.