Македонскиот тенисер Калин Ивановски оствари победа во прво коло на турнирот во Дубровник против Италијанецот Матео Донати со 2-1 во сетови, односно 1-6, 6-3 и 6-0.
Ивановски лошо стартуваше во натпреварот, што го искористи италијанскиот тенисер кој доминираше и го доби првиот сет со 6-1. Но потоа младиот македонски тенисер направи пресврт, влезе во ритам и го декласира ривалот во следните два сета.
Калин најпрво го доби вториот сет со 6-3, а потоа не му дозволи на Донати да освои ниту гем и со 6-0 го потврди пласманот во второто коло, каде што ќе игра против победникот од дуелот меѓу Алдин Сеткиќ и Емил Дапчевиќ.
Ивановски заедно со Лука Миркут утре ќе се бори против Марко Баничевиќ и Кристијан Кајго Тумбас за пласман во полуфинале во двојки.