Србинот беше депортиран од оваа земја поради тоа што е невакциниран, иако претходно му беше даден медицински исклучок за настап на Австралија опен, како и виза за влез во државата, но тоа не е единствената лоша вест. Денеска дојде информација дека тој ќе мора да се вакцинира ако сака да игра на Ролан Гарос, а се соочи и со можноста да остане без главниот спонзор, компанијата за производство на облека „Лакост“.
„Австралиските власти ја укинаа визата на Новак и поради тоа, тој нема право на настап на турнирот во Мелбурн. Поради ваквиот развој на настаните, во првата следна прилика ќе стапиме во контакт со тенисерот за заедно да го анализираме сето ова што се случи“, се вели, меѓу другото, во соопштението од „Лакост“.
Токму евентуалното негово отсуство од вториот годинешен гренслем, кој традиционално се игра во Париз, би можел да биде клучниот фактор за евентуално прекинување на соработката, која годишно носи повеќе милиони долари во џебот на Ѓоковиќ.