Најдобрите македонски ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе судат ново дерби на Светското првенство.
Начевски и Николов се делегирани да го судат големото дерби меѓу селекциите на Франција и Шпанија кое ќе одлучува во директен дуел за првото место во групата.
Двете селекции досега имаат по максимални четири победи. Натпреварот се игра вечерва во „Таурон Арена“ во Краков со почеток од 21 часот.