Најдобриот тим во досегашниот дел од сезоната, Бостон селтикс славеше на гости кај Торонто репторс 106-104, а триумфот беше изборен без нивната главна ѕвезда, Тејтум.

Бостон врза девета победа по ред, малку фалеше Торонто да им ја прекине серијата, но домаќините потфрлија во последната четвртина.

Торонто водеше во најголем дел од натпреварот, сепак кога се одлучуваше победникот, Бостон го крена нивото на игра, направи пресврт и дојде до триумф од 106-104.

Во отсуство на Тејтум, Џејлен Браун беше најдобар кај Бостон со 27 поени, Вилијамс постигна 25. Најдобар на теренот беше кошаркарот на Торонто, Сиакам кој постигна 29 поени, имаше 10 асистенции и девет скокови.

 

Резултати:
Торонто – Бостон 104:106
Вашингтон – Орландо 138:118
Атланта – Шарлот 118:122
Кливленд – Милвоки 114:102
Минесота – Хјустон 113:104
Феникс – Индијана 112:107
Сакраменто – Филаделфија 127:129