Голема сензација се случи на тенискиот грем слем во Мелбурн. Пољакињата Ига Швјонтек, првата фаворитка за трофејот, го  заврши АО во четвртото коло. Полската тенисерска беше поразена од 22-та рангирана, Елена Рибакина од Казахстан со 4-6, 4-6.

 

Рибакина лесно го приведе првиот сет до крај. Во првиот сет видовме многу подеми и падови, бидејќи Ига го загуби својот сервис во првиот гем за да го врати три гема подоцна. Сепак, Рибакина доби уште една брејк шанса во седмиот гем и на крајот успеа да го задржи за водство.

Во вториот сет Швионтек поведе со 3:0, а потоа целосно застана, а потоа следеа два брејка на Рибакина која стигна до триумфот.

Во машка конкуренција Карен Хачанов го победи Јапонецот Јошихито Нишиока со 6-0, 6-0, 7-6. Противник на Хачанов во четвртфиналето ќе му биде Себастијан Корда.