Арсенал по вистинска драма, дури во финишот со голот на Нкетија во 90 минута, сепак успеа да дојде до посакуваниот триумф во трката за шампионската титула.
„Ѓаволите“ имаа добар почеток на натпреварот и водство со голот на Маркус Рашфорд во 17. минута, но Еди Нкетија ја затресе мрежата на Давид Де Хеа за 1-1.
Избраниците на Артета се вратија со пресврт во 53. минута кога Букајо Сака со силен удар од далечина погоди за 2-1, но шест минути подоцна Лисандро Мартинез изедначи за 2-2 и ги врати „ѓаволите“ во битка за три бода.
Арсенал се закани уште неколку пати, но Де Хеа беше на висина на задачата сè до 90. минута, кога Нкетија испрати една топка во мрежата на шпанскиот голман за триумф на „топчиите“ од 3-2.
Арсенал останува лидер во Премиерлигата со 50 бодови, пет повеќе од Манчестер сити, по што следат Њукасл и Манчестер јунајтед со по 39 бода.