Многу важен натпревар и за Португалија и за Унгарија, а по овој натпревар целосно се искомплицира ситуацијата во второто коло каде се среќаваат групите Ц и Д…
Сето добро што го направија со победата против Исланд, Унгарија го прокоцка со високиот пораз од Португалија. Португалеците одиграа одличен натпревар и со тоа целосно ја искомплицира ситуацијата во групата која допрва треба да се формира.
Имено, Швеѓаните влегуваат во новата група со четири бода, а по два ќе донесат Бразил, Унгарија, Португалија и Исланд. Португалците поради гол-разликата во колото со овие две репрезентации од својата група се во поповолна позиција, а дополнително во последното коло ќе играат и со Шведска, која најверојатно дотогаш ќе биде во четвртфиналето. .
Против Унгарија, Португалците одиграа одличен натпревар, одлично започнаа и така продолжија до крајот на натпреварот. Унгарците никогаш не се опоравија целосно од очајниот старт.
Не можеше да тргне полошо за Унгарија. Веќе во 48. секунда од натпреварот, Адријан Сипос заработи директен црвен картон поради несмасно удирање на Франциско Коста во глава, никој не протестираше, снимката беше прегледана и Сипос мирно тргна кон трибините.
Мигел Фереира одлично стартуваше на голот и ја држеше заклучена вратата до седмата минута, спасувајќи ги сите четири обиди на Унгарците.
Во 20. минута семафорот покажа поразителен резултат за Унгарците, Португалија водеше со 10:2, делуваше разиграно, многу добро, а Унгарија беше целосно надвор од игра.
До крајот на мечот Унгарците не закрепнаа, Португалија мирно ја чуваше високата предност и на крајот заслужено победи убедливо со 27:20.
Фереира мечот го заврши со 15 одбрани, а младиот Коста додаде шест гола. Кај Унгарците Мартон Шекели имаше 12 одбрани, а Ричард Бодо постигна пет гола.