Ракометарките на Холандија Оостварија убедлива победа со 29-21 против Шпанија и го потврдија своето место во четвртфиналето на Светското првенство (СП), каде што се пласира и Чешка.

Шпанија не смееше да си дозволи пораз, па тргна добро и водеше со 4-2, но набрзо следуваше голем пад во играта и Холандија го искористи тоа за да замине на паузата со 13-9.

Холанѓанките во второто полувреме во еден момент стигнаа и до +11 (25-14), со што стана јасно дека се ближи крајот за ракометарките на Шпанија.

Чешка денеска загуби со 27-30 од ракометарките на Бразил, меѓутоа убедливиот пораз на Шпанија ѝ помогна да се пласира во четвртфиналето на СП.