Екипата на Тотенхем конечно стави крај на лошата резултатска серија и славеше убедлива победа над Њукасл. Тимот на Постекоглу оствари победа од 4-1 и потсети на стартот на сезоната кога беше во победнички ритам.
https://twitter.com/i/status/1733893592270180693

Удоги го отвори резултатот во 26.минута, а Ришарлисон зголеми на 2-0 во 38.минута.

Бразилецот беше стрелец и на третиот гол, а серијата голови на домаќинот ја затвори кореанецот Хјонг – Мин Сон.

https://twitter.com/i/status/1733896462017171641

Њукасл постигна почесен гол преку Жоелинтон во судиското продолжение.