Олимпискиот турнир беше единствената слабост на Новак Ѓоковиќ во кариерата, конечно, првпат успеа да стигне до финалето, па ова ќе биде еден од неговите најважни мечеви кои ги одиграл.
Букмејкерите му даваат значително поголема предност на Карлос Алкараз, младоста, формата, неодамна освоениот Вимблдон се работите кои натежнуваат на страната на Шпанецот, искуството е кај Ѓоковиќ.
Рекордни 24 Грен слем титули, 40 мастерс трофеи, 228 недели на врвот на АТП листата, на Ѓоковиќ му остана само уште едно, олимписко злато.
Една бронза од Пекинг 2008, две четврти места од Лондон 2012 и Токио, како и шокантна елиминација во првото коло во Рио 2016 се учиноците на Ѓоковиќ на Олимписките игри.
За Карлос Алкараз ова се први Олимписки игри, пред него ќе има уште многу, но желбата уште еднаш да се победи Ѓоковиќ и да се освои злато во Париз е огромна.
По победата во полуфиналето против Мусети, Новак Ѓоковиќ рече дека се чувствува подобро отколку на финалето на Вимблдон и верува дека може да дојде до златото.
За него ова е сега или никогаш, за Алкараз е само почеток.